речник контакт

Потокот исчистен, но дилема е до кога?

Пет дена траеше акцијата на чистење на Потокот, при што се собрани 16 трактори смет. Од ЈКП Дервен апелираат граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота.

Петар Печков

Заврши неколкудневната акција за чистење на отворениот канал на улица Јане Сандански,  кај велешани реон познат како Потокот. При акцијата, работниот тим од РЕ Комунална хигиена рачно и механички го отстрани диво изникнатото зеленило и насобраниот комунален смет, што несовесни граѓани го фрлале во каналот.

При оваа акција собрани се 16 трактори  смет  кој беше отстранет. Потоа каналот беше испран со цел да се отстрани наталожената тиња .

Од ЈКП Дервен апелираат до граѓаните од ул. Јане Сандански да придонесат за зачувувањето на здравата животна средина со тоа што нема да го фрлаат сметот од домаќинствата во каналот туку на одредените места од каде екипи на ЈКП Дервен редовно го собираат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »